РУСИЈА ЌЕ ПРАВИ „БРАУДЕРОВ СПИСОК“: Список на „нeпpиjaтeлcки“ настроени странски политичари – меѓу нив и политичари од Македонија!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на Комитетот на Советот на Руската Федерација за меѓународни односи Константин Косачов на состанокот со претседателот на Русија Владимир Путин со руските пратеници, предложил да се направи „Браудеров список“, на кој би се нашле нeпpиjaтeлcки настроени странски политичари, кои шират дезинформации за Русија

„На обидите за клеветење на Русија и нејзините граѓаните може и потребно е да се реагира не само на правно, туку и на морално ниво низ парламентарни механизми. Пости идеја да се воведе своеврсен список или регистер на нeпpиjaтeлcки настроени странски политичари, државни и јавни работници чии изјави содржат највеќе лаги за нашата земја, за нашиот народ. Тие напади треба адекватно да се девалвираат“, рекол Косачов, пренесува „Спутник“.

Според неговите зборови, таква работа би можела да се организира преку привремена комисија на Советот на Федерацијата.

„Регистерот условно би можело да се именува ‘Браудеров список’, по човекот кој прв ја претвори лагата за Русија во инструмент за нeпpиjaтeлcкa политика“, додал сенаторот.

Новинарот Миленко Неделковски коментира дека на овој список би се нашле и политичари од Македонија, и тоа од двете страни на кампусот. Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Влатко Ѓорчев, Зоран Заев се само дел од имињата според Неделковски.

Радмила Шекеринска, министерка за одбрана не пропушта прилика да зборува за „штетно руско влијание во Македонија“, воедно обвинувајќи го и „Инфомакс“ како „руска нeпpиjaтeлcкa инсталција“ во земјава, во услови кога таа како министер за одбрана не успеа да даде одговор на прашањата за користење на ураниум на Криволак.

Никола Димитров пак, како што соопшти Викиликс работел како оперативец на ЦИА во Македонија, и тоа уште од времето кога тој беше главен преговарач за името од Вашингтон. Тој го информирал тогашниот амбасадор на САД Филип Рикер за текот на преговорите, детали од состаноците, а ја шпионирал и грчката министерка Дора Бакојани. „Викиликс“ претпоставуваат дека токму Димитров е поставен за МНР на Македонија по препорака на Рикер. Димитров го потпиша и актот за протерување на руски дипломат од Македонија.

За Зоран Заев, нема потреба од дополнителни коментари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This