April 18, 2024, 10:35 pm

РУСКАТА АМБАСАДА И МНР ОСТРО: Толку се болни и тежнеат кон подметнување лаги што тоа е незамисливо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на Русија во Македонија остро го критикуваше британскиот весник „Сандеј Тајмс“ кој неодамна објави низа лажни текстови за наводно мешање на Мосвка во внатрешните работи на Македонија. Текстот го демантираше и Министерството за надворешни работи на Русија

 

makedonija-protesti

„Донеодамна многумина се сомневаа за активната вмешаност во британските медиуми и дека информационата војна може да ги сруши темелите на традиционалната британска журналистика. Сега е одговорот очигледен – нејзиниот квалитет неповратно пропаѓа. Нова потврда за тоа е серијата текстови за МАкедонија објавени во Сандеј Тајмс на 30.април и 7.мај“ се наведува во соопштението.

Во првиот текст е наведено дека извесни „проруски националисти“ би можеле да ја претворат Македонија во „воено поле на Русија и Западот“, додека во другиот дел е зборувало за тоа дека Москва, наводно се заканувала на Македонија со емабрго на увоз на земјоделски производи. Авторот со ништо не ги докажува овие тврдења.

Дипломатите навеле дека авторот на овие текстови одбрал за нив многу звучни наслови: „Македонија во опасност од руска интервенција“ и „Македонија доби закана: Или Русија или страдања“.

Амбасадата наведува дека жали поради тоа што медиумите паднале толку мнгоу што дури и весник како „Сандеј Тајмс“ е принуден да објавува „ефтини пропагандни спинови“.

„Во овие текстови се толку пренебрегнати фактите, толку се болни и тежнеат кон подметнување и отворени лаги, што сето тоа не може да се нарече производ на професионална журналистика“, се наведува во соопштението.

Како пример на „бујната фантазија“ на авторот, Амбасадата на Русија укажува и на тоа дека тој (авторот) не ги ни знае резултатите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа минатата година во декември.

„За што може да се разговара со ‘аналитичар’ кој актуелната македонска влада ја нарекува прокремљска и веднаш по неколку редови, тврди дека ‘Русите вршат директен притиок на Владата на МАкедонија да се преориентира кон Москва?’ Каде е тука логиката, или макар, елементарен здрав разум?“, прашуваат руските дипломати.

Македонија според нивното мислење, е жртва на притисоци, уцени и закани кои стигнуваат од Брисел, Вашингтон и Лондон. Западот притоа тежнее одговорноста да ја префрли врз Русија.

„Со што на крајот ќе се заврши ова нова аватнура на Западот на Балканот засега е тешко да се каже. Јасно е едно – Сандеј Тајмс и понатаму неуморно ќе измислува поводи за нарушување на угледот против Кремљ, адобро одржуваната движечка лента на русофобични лаги во Лондон ќе продолат да се произведуваат без прекин“, заклучува Амбасадата.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This