РУСКАТА АМБАСАДА СО ГОЛЕМА ЧЕСТ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД ХЕРОИТЕ: 13-ти ноември, Ден на ослободувањето на Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод одбележување на 13-ти ноември- Ден на ослободување на град Скопје, делегација од општина Гази Баба предводена од градоначалникот Тони Трајковски, положи свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, пред гробот на генералот Михајло Апостолски и пред споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Р.М.

polozuvanje_cveke
Цвеќе положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје, делегација на Советот на Град Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, делегација од Собранието на Република Македонија, делегација од Владата на Република Македонија, делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, делегација на Генералштаб на АРМ, делегации од oпштините на град Скопје, делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје,делегација на Црвен Крст на град Скопје, делегации на средните училишта на Град Скопје, делегации на дипломатскиот кор, како и граѓани на Скопје.

Освен делегации од градот и државните власти, цвеќе положија и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и претставници од Руската Амбасада во Македонија.
rusi_13_noemvri

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This