РУСКАТА АМБАСАДА СО РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВИТЕ НА ЗАЕВ: Однесувањето на Заев е недозволиво и за жалење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изјавите на премиерот на Македонија наидоа на остра реакција од страна на Руската Федерација. Имено, Заев во интервју за црногорското радион „Антена-М“ на 5 ноември. Во соопштението на амбасадата на Руската Федерација се вели дека во Русија секогаш внимателно ги следат јавните изјави на високи функционери на други држави, особено оние што ги засегаат односите со нивната земја.

-Секако, не остана незабележано и неодамнешното интервју на Претседателот на Владата на Република Македонија за црногорското радио „Антена-М“ од 5 ноември оваа година. Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во тоа интервју, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „репорти“ и „аналитичари“, намерно или не, ја претстави ситуацијата на тој начин дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Зоран Заев. Категорично изјавуваме дека ваквите тврдења се необосновани и ги сметаме за недозволиви. Со жалење констатираме дека истите ја уриваат атмосферата на доверба меѓу нашите две земји, и нанесуваат штета на повеќегодишната заемно полезна соработка и се косат со декларираната од страна на Скопје подготвеност за градење конструктивна соработка со Русија, желба за развој на пријателските односи меѓу две нашите земји, се вели во соопштението на амбасадата на Руската Федерација.

Тој во интервјуто во кое зборуваше и за Русија, кажа дека врз него бил планиран атентат.

-Знам дека имаше обиди дури и за ликвидација. Добро е што навреме е реагирано и спречено сето тоа. Му благодарам на Бога. Сега некои аналитичари ми велат: ‘Сега ти си на ред’. Чекај. Ако треба нешто да се случи, нека се случи. Јас сум се нафатил да бидам премиер на својата земја, на мојата земја ѝ треба лидер и јас сум подготвен да носам такви одлуки какви што моите граѓани очекуваат по цена – што биде нека биде, рече Заев во интервјуто.

Тој напомена и дека очекувал жестока реакција од Русија ако Македонија влезе во НАТО.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This