April 19, 2024, 11:28 am

Руската вакцина може да ја запре пaндемијата, тврдат европски медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ја направи вакцината „Спутник V“ и покажа можност за самостојно развивање на лек што може да ја потисне пандемијата на коронарниот вирус, пишува шпанското издание на францускиот весник „Ле дипломатски“.

Авторот на статијата, Федерико Куско, смета дека Западот реагирал скептично и рамнодушно на појавата на овој препарат од непознавање на руската научна традиција.

„Водени од јазични, културни и политички разлики, ова незнаење ги поздрави руските иницијативи со сомнеж“, рече Куско.
Написот нагласува дека создавањето на вакцината „Спутник V“ е резултат на целиот историски синџир на научен развој во Русија. Сепак, според него, западните „раскажувачи“ со години ги негираат руските достигнувања и сега се изненадени од најавата за создавање лек.

„За разлика од земјите како Соединетите држави и Европската унија, каде фармацевтските лаборатории ги наметнуваат своите лекови по астрономски цени, Русија не брка пари“, истакна авторот на статијата.
Куско додаде дека „Спутник V“ сега се шири низ целиот свет и можно е за 50 години никој да не се сеќава на сомнежите на Западот во врска со руската вакцина.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство , со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This