April 23, 2024, 12:16 pm

РУСКАТА НАЦИОНАЛНА ГАРДА ДОБИВА НОВ АВТОМАТ: ПП-2000, суперлесен, компактен и ултра прецизен автомат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автоматот ПП-2000 кој тежи нешто повеќе од лаптоп компјутер, наскоро ќе влезе во служба на Националната гарда, наведува весникот „Руска газета“
pp2000

„Газета“ ги пренесува зборовите на Алексеј Сорокин, директор на тулскиот огранок на проектното биро за изработка на опрема во воената индустрија, кој рекол дека руската Национална гарда наскоро ќе биде опремена со суперлесниот автомат ПП-2000.

Познат по својот единствен дизајн, ПП-2000 е изработен со минимален број на делови и ги надминува сите свои европски пандани во смисла на каратеристиката на перформанси. Тежок 1.4 килограми, автоматот е конструиран како оружје за борба одблизу, наменето за припадниците на интервентната полиција и силите за специјални операции. Ефективниот домет на ПП-2000 изнесува околу 200 метри и неговата тежина и останатите спецификации може да се споредат со воен борбен пиштол, наведува „Руска газета“.

Автоматот користи панцирна муниција од 9мм и може да се употребува во затворени простори, згради и транспортни возила, благодарение на куршумите со смален ризик од рикошет.

Конструкторите на ПП-2000 посебно ја нагласуваат прецизноста на оружјето. Алексеј Сорокин објаснува дека од автоматот може да се пука со една рака, но и да се користи како секундарно оружје. Автоматот, исто така може лесно да се камуфлира под облеката. Една необична карактеристика на ПП-2000 е неговата можност во задната страна на магацинот да се складираат 44 куршуми, што е додаток на основниот магацин од 20 куршуми.
Уште една негова посебност е дека ракофатот на автоматот се наоѓа непосредно позади поткундакот кој се склопува кога не се користи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This