РУСКАТА СКАЗНА ЗА ЦАРОТ МАКЕДОН: Било некое време, кога Расите се нарекувале Сурици, а важеле правилата на Сварог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во древните времиња, најстари од кој може да се види, па дури и позади нив, како што каменот од тие времиња се разрушил, и земјата со могилите (пирамидите?) се распарчи, во тие дамнешни времиња, кога веќе ни Комирите (Кимири, Кимерејците) не биле дојдени, во степите жив бил царот Македон.

И тој имал многу говеда, коњи и овци, и од неговата лева страна на масата седеле две илјади луѓе, па дури ни тоа не е се, бидејќи земјата Македунова (Македонија) се простирала од Донец и Дон до Дњепар, и оние кои живееле на крајот, пет дена морале да јаваат за да стигнат да вечераат со царот, а на другите им биле се на се потребни десет дена.

И царот говорел: ”Кој ќе дојде – нека седне, дајте леб и сол, да не плаќаат со сила. А кој не сака со нас да остане, сите можни патишта му се слободни”! И многу луѓе придошле кај кралот, од денсно на масата седеле како гости. А оние кој седеле на левата страна, сите се нарекувале Македунами (Македонци).

А кога царот седнал на масата, служителите го донеле печеното теле од кого царот со ножот го пресекол најубавото парче. И придошол воин со меч и штит, а друг со рог исполнет со медовина-сурица. Го набодел царот со остриот меч месото, го зел рогот со медовината и го воздигнал кон Дажбога а пак од воинот го зел штитот и го држел над столот и почнал да говори Македон:

“Благословни, Боже! Прими го рогот наш и степската храна, она што го имаме, закрилувај ги луѓето свои со штитот и мачот од сите непријатели! Слава тебе, Свароже ! Слава тебе Перуне ! Слава тебе Дажбоже” !

Со овие слова Македон пивнал од рогот и закусил од месото.

Tројца извикнале “СЛАВА” за Боговите, а потоа три пати го славеле кралот, и тогаш навистина седнаа да јадат и пијат, и така го слушаа музикантот Бојан-Спивак.

Кралот му го подал на Бојан сребрениот рог со медовина, а кога се напил и го прославил царот, Македон го замолил Бојан рогот да го задржи како спомен и да пееат во мислите за старовината. И Бојан почнал вака:

Слава Боже на нашето небо, Слава ! И за царот Македон – Слава ! И за Родот-Племенски, што Макодунами се прозиваат – Слава им!

Било некое време, кога Расите се нарекувале Сурици. Било времето кога важале правилата на нивниот водач Сварог. И во тоа време земјата ја дргнеше земјотресение и таа замина во водите (веројатно се мисли на катаклизмата и потопот). И царот Сварог ги повел луѓето по бурното море (на југ) и после три дена стигнале до Големата Земја. И Сварог пред самиот брег со својот трозабец голема риба од брановите извлекол и рекол: Тоа е знак од боговите, што не исчезнале Расите, и Сурија (Сонцето) наша на небото ќе сија, и после тешките времиња во земјата, нов и поубав живот ќе започне!

Така и Русот Јануш започнал рибата да ја готви, а царот Сварог се упатил до Египет.

Бојан ја отпеал песната, и му се заблагодарил на својот народ.

И тогаш придојде мудрецот, оној кој знаел за лозата. Подигнал тој две прачки, одмавнал со нив, а потоа се свртел со лицето кон пладнето и заплакал: – Ej, царе Македоне скокни го пладнето. Врагот ги води нашите луѓе во робство-малолетно. Одете, не откажувај се, и да го настигнеш непријателот рано наутро на изгрјот на Сонцето големо!

Скокнал царот Македон:

– Луѓе мој, синови на Сонцето наше, седнете на коњите брзи и јавајте неуморно цела ноќ до пладне !

Одјурил Македон, и така цела ноќ јавале, и рано наутро ги виделе во пустината Грците со заробените луѓе и стадата нивни одземени. Тие одлетаа до кај Грците ги разбиле нив, и Расите ги ослободиле. Се вратил и потоа седнал на царската маса за да се јаде и пие. Придошле напред волиншикиите и силно засфиреле на гајдите, го прославиле царот Македон и неговата храбра војска.

Цело време кај Расите било – и мир, и војна…И секојпат Расите се бореле за нивната слобода, секојпат, љубеле да живеат во мир.

Материалы из наследия Славяно-Арийских народов – Сказание про Макодуна-Царя.

С в а р о́ г ъ

Материалы из наследия Славяно-Арийских народов – Сказание про Макодуна-Царя.

преземено од Македонска Нација

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This