March 29, 2024, 12:34 pm

РУСКА РАКЕТА ЛЕТА ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ: Не постои точка на светот каде што руската „Сатана“ нема домет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интерконтинентаните балистички ракети се главно средство во одвраќање и само неколку земји поседуваат таква врста на оружје. Групата која ја чинат Русија, САД, Франција и Кина, наскоро би моежела да добие нов член, Северна Кореја. Ова е ранг-листата на ракети кои имаат најголем домет.

Р-36 (СС-18 Сатана), Русија – домет 16.000 километри

https://www.youtube.com/watch?v=-qweL00lRSQ

Во асортиманот балистички ракети, Р-36 има најголем домет. Досега се во употреба повеќе верзии на оваа ракета, од Модел 1 до Модел 6. Некои од овие верзии можат да носат и десет независни боеви глави со сила од 550 до 750 килотони.

Првата варијанта на оваа ракета на стратешките сили на СССР е ставена во служба во 1975 година.

Донгфенг 5А (ДФ-5А), Кина – домет 13.000 километри
domet_raketi

ДФ-5А претставува напредна верзија ДФ-5 и може да досегне цели во континенталниот дел на САД. Оваа верзија, со попрецизен систем на навдување од претходниците и поголема тежина на проектилите (3.200 килограми), кинеската армија ја стави во употреба во 1983 година. Ракетата може да носи шест независни боеви глави со тежина по 600 килограми.

За разлика од рускиот Р-36М, кој може да се лансира само од силос, најмоќната кинеска интерконтинентална ракета може да се лансира и од лансирна рампа.

Р-29РМУ „Сињева“ (РСМ-54), Русија — домет 11.574 километри

Руска нуклеарна подморница класа „Делта IV“ со балистички пројектили Р-29РМУ „Сињева“ (РСМ-54)
Руска нуклеарна подморница класа „Делта IV“ со балистички пројектили Р-29РМУ „Сињева“ (РСМ-54)

„Сињева“ (НАТО кодно име СС-Н 23 Скиф), е руска ракета од трета генерација која е во употреба од 2007 година, а планирано е да остан во составот на руските стратешки сили до 2030 година. Предвидена е за испалување од подморниците класа Делта 4 на руската ракетна морнарица.

Може да носи четири големи боеви глави или десет боеви глави со сила од 100 килотони. Се смета дека, во случај на употреба, со висока прецизност би ги гаѓала целите бидејќи го користи навигацискиот систем ГЛОНАСС (руски пандан на американскиот ГПС)

УГМ-133 „Тридент“ II, САД – домет 11.300 километри

trident

„Тридент II“ е подморничка балистичка ракета и е распоредена во американските подморници од класата „Охајо“ и британската класа „Вангард“. Се очекува оваа верзија да остане во служба до 2042 година.
Првиот тест на оваа ракета е извршен во 1987 година од Кејп Канаверал, а е во употреба од 1990 година. Може да носи осу В88 ил В76 нуклеарни боеви глави.

Донгфенг 31А (ДФ-31А), Кина – домет 11.200 километри

dongfeng-31

ДФ-31А (НАТО кодно име ЦСС 9 мод-2), е кинеска интерконтинентална ракета од долг домет која може да понесе една термо нуклеарна боева глава од 1.000 килотони.

Развиена е од верзијата ДФ-31, а вториот артилериски корпус на Кинеската народноослободителна армија е опремен со овие ракети од 2006 година. Може да биде лансирана од силос или движечки лансер.

РТ-2ТТХ „Топол М“, Русија – домет 11.000 километри
topolM
„Топол-М“ е напредна верзија „Топол“ е прва ракета развиена по распадот на СССР. Може да биде лансирана од силос или од мобилен лансер и носи една боева глава со сила од 550 килотони, или шест МИРВ боеви глави, заедно со мамци.

Проектилот е развиен во Московскот институт за термални технологии (МИТТ), а е произведена во Воткинскиот машински завод. Може да издржи зрачење, електромагнетен пулс или нуклеарна експлозија во опсег од преку 500 метри, а исто ака е отпорна на погодоци од високоенергетски ласери.

„Минитмен III“ (ЛГМ-30Г) САД – домет 10.000 километри
77297-dron-so-zname-na-golema-albanija-letna-nad-chair

Ова е единствена оперативна ракета во копнениот арсенал на армијата на САД. Првата верзија на оваа ракета го виде светлото на денот во 1961, а унапредените верзии „Минитмен II“ и „Минитмен III“ се развиени во 1964 година и 1968 година, а примени се во служба во јуни 1970 година. Тоа е првата ракета во светот со можност да носи повеќе боеви глави одеднаш.

М51, Франција – домет 10.000 километри
m51

М51 е француска подморничка интерконтинентална ракета и претставува унапредена верзија на М45. Ракетата е примена во служба во 2010 година и ја носат подморници од класата „Триомфан“.

Оперативниот распон на ракетата се движи од 8.000 и 10.000 километри. М51 тежи 50 тони и може да понесе шест боеви глави со силина од 100 и 150 килотони.

УР-100Н (СС-19 „Стилето), Русија – домет 10.000 километри

stileto_raketa

Оваа ракета со кодно име на НАТО СС-19 „Стилето“ е четврта генерација интерконтинентални балистички ракети во составот на Стратешката команда на руската армија.

Во употреба е од 1975 година, а се очекува да остане во употреба до 2030 година. Може да понесе до шест МИРВ боеви глави со сила од 550 килотони. За прецизно наведување е задолжен инерцијалниот навигационен систем.

РСМ-56 „Булава“, Русија – домет 10.000 километри

Bulava_raketa

„Булава“ е најнов подморнички проектил во составот на руската морнарица и е наменета за „Бореј“ класата на нуклеарни подморници. Првата подморница вооружена со овие ракети била „Јуриј Долгорак“ во 2013 година.

Секоја ракета може да носи шест до десет боеви глави со силина од 100-150 килотони и може да преживее нуклеарен удар со минимален опсег од 500 метри.

Случај Северна Кореја

severna_korea_raketa

Најтајната земја на светот веќе подлго време развива балистички ракети, а се претпоставува дека интензивно работи на развивање и на интерконтинентални балистички проектили. Пред неколку дена изврши, засега неуспешна проба на непонат проектил, за кој се претпоставува дека припаѓа на оваа класа.

Исто така, напарадата одржана во чест на 105. роденден на основачот на Северна Кореја Ким ил Сунг на 15.април претставено е оружјето за кое се претпотавува дека е интерконтинентална ракета КН-14 (домет 10.000 километри) и КН-8 (Хуасонг – 13) домет 11.500 километри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This