РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА: НАТО не е училиште за миротворци, туку агресивен воено-политички блок виновен за многу воени интервенции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По испратеното предупредување до македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов за негативните последици од евентуалното пристапување на Македонија во НАТО алијансата, во интервју за порталот МКД се огласи и Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак.

 

Според руската агенција ТАСС, амбасадорот на Македонија во Русија, Гоце Карајанов бил повикана на разговор со вториот човек на министерството за надворешни работи на Русија заменик министерот Александар Грушко.

Во интервјуто Шчербак го коментираше, притисокот кој се врши врз Македонија за нејзино членство во НАТО и последиците на таквата одлука. Тој вели ,, Треба да се разбира дека НАТО не е елитистички голф-клуб, не е хуманитарна организација или училиште за миротворци, туку производ и инструмент на студената војна, агресивен воено-политички блок кој е виновен за многу воени интервенции кои веќе доведоа до смртта на стотици илјади цивили во поранешната Југославија, Ирак, Либија, Авганистан и во другите земји, кон распадот и дезинтеграцијата на целата низа држави. Зачленувањето во ваквата Алијанса силно ги ограничува суверенитетот на државите кои се интегрираат во истата и носи големи ризици.’’

Рускиот амбасадор говори и за вчерашниот разговор помеѓу амбасадорот на Македонија во Русија, Гоце Карајанов и заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, во кои се нагласи ставот на Русија„негативните последици од плановите за вовлекување на Република Македонија во НАТО врз регионалната безбедност и за билатералните односи”.

-Спротивно на шпекулациите, во овој наш став нема ништо ново. Повеќе пати имаме истакнато дека вовлекувањето на Македонија, а и на другите балкански земји во НАТО од аспект на зацврстување на безбедноста на регионот и на самата Македонија е бесмислено и контрапродуктивно. Видете, според член 5 од Повелбата на НАТО Северноатлантската алијанса се обврзува да ги брани своите членки само во случај на надворешна агресија. Кој може да ја нападне Македонија од надвор во услови кога истата речиси од сите страни е опкружена со земјите-членки на истото НАТО односно Албанија, Бугарија, Грција, како и Косово каде се наоѓа најголемата воена база на САД во регионот „Бондстил” Како што е познато, Србија исто така има посебни партнерски односи со НАТО. Кој ѝ се заканува на Македонија? Само што вонземјани или самото НАТО? Тоа не е јасно вели Шчербак.

26 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This