РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОБСЕ: На Македонија ѝ е нанесена голема штета со тешко согледливи последици!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевиќ, реагира на преименувањето на Македонија со со т.н. Преспанска спогодба. Тој нагласува оти е изненаден од фактот дека Постојаниот совет на ОБСЕ не го обрна вниманието на оваа ситуациjа.

 

-Не можеме да ја делиме еуфоријата поради овие одлуки. Сме согласни со проценката на Претседателот на Македонија Ѓ. Иванов дека има сомнителен легитимитет, очигледно несогласување со волјата на македонските граѓани кои го игнорираа референдумот за промена на државното име. Добро се познати методи за прибирање на уставното мнозинство, што е неопходно за усвојување амандмани. Меѓу нив е законот за амнестија, кој е претставен како чин на „национално помирување“. Притоа, всушност се работи за инструментот за селективна правда, што ѝ дава на сегашната Влада можност да ги “казнува и помилува“ несогласните пратеници во зависност од нивниот став во однос на спогодбата. Овде јасно се покажаа „двојните стандарди“ на западните земји, кои во 2016 година ја критикуваа одлуката на Претседателот Ѓ.Иванов за помилување на 56 политичари. Тогаш и #САД и #ЕУ во еден глас велеа за поткопувањето од страна на шефот на државата на демократските принципи и принципите на владеењето на правото. Бројни процедурални прекршувања на воспоставениот законски алгоритам ја поткопаа довербата на населението во институциите на власта и демократските процедури, во парламентарната процедура. Нов пример е објавувањето на Преспанскиот договор во „Службен весник“ на 14 јануари, спротивно на прерогативите на Претседателот според Уставот, без неговиот потпис. Истовремено беше објавен резонантен Закон за употреба на јазиците, кој не е потпишан од страна на Претседателот и всушност го воведува двојазичноста во земјата, со кој албанскиот јазик добива статус на втор службен јазик. Токму како што им беше ветено на лидерите на албанските партии кои влегоа во власта под условите на озлогласената „тиранска платформа“ од 2017 година. Во суштина, станува збор за поткопување на мултиетничкиот модел формиран од страна на Охридскиот рамковен договор. На македонската држава ѝ е нанесена голема штета со тешко согледливи последици по нејзиниот натамошен долгорочен развој-стои во резолуцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This