April 19, 2024, 10:16 pm

РУСКИОТ ГРАД КАЛИНИНГРАД: Ќе биде хит дестинација за 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„TripAdvisor“ објави список на дестинации во развој, според оценките на патниците – а доколку се cyди според ова, руски град ќе биде хит дестинација за оваа година!

TripAdvisor за дестинации во развој ги смета оние што „паметните патници“ планираат да ги посетат оваа година и ќе бидат многу популарни.

Според гласовите на патниците, изгледа дека хит дестинација годинава ќе биде рускиот Калининград.

На второ место е Саранда (Албанија), а потоа следат Бејрут (Либан), Луксор (Египет) и Науса (Грција).

„TripAdvisor“ пишува за победникот, Калининград, како „неверојатен град каде културата и архитектурата на Источна Европа и Русија се вклопуваат како на ниту едно друго место“.

Оваа страница објави и список на врвни трендинг дестинации, односно дестинации со најголем пораст на позитивни коментари и оценки во изминатата година.

Како највисока трендерска дестинација беше прогласена Кочи во Индија, а потоа следуваше Лузон на Филипините, Порто (Португалија) на третото место, па Порто Сегуро во Бразил, а потоа следуваше бразилскиот Грамадо, Ломбок во Индонезија, Да Нанг во Виентиан, на осмото место беше грчкиот Закинтос и деветтата и десеттата позиција се Тел Авив (Израел) и Краков (Полска).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This