РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО: Наместо цвеќиња, Рускиот патријарх побара парите да се донираат во болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил на годишнината од неговото устоличување побара, наместо купување цвеќиња парите да бидат наменети за набавка неопходна опрема за Централната клиничка болница Свети Алексиј.

-Тоа стана традиција во последниве години, Патријархот Московски благословува наместо букети цвеќиња, парите да се наменет за болницата. Оваа година, Патријархот благослови да се соберат пари за купување на неопходна итна медицинска помош за која болницата има потреба , вели прес-секретар на Патријархот Московски и на цела Русија, свештеникот Александар Волков.

Кирил беше усоличен за Руски патријарх на 1. февруари 2009 година во соборниот храм на Христос Спасителот.

Централната клиничка болница на Свети Алексиј Митрополитот во Москва е мултидисциплинарна медицинска установа.

Ова е најголемата медицинска установа на Руската православна црква. Болницата ги третира не само московјаните, туку и луѓето од другите региони на Русија, без оглед на нивната конфесионална припадност. За сите пациенти, испитувањето и третманот се бесплатни.

 

Religija.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This