РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ: Силите на злoтo станаа против православието и православната црква!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иницијаторите на формирањето на посебна црква во Украина зборуваат за светлост, но кон својат цел одат со зборови на злoбa и oмpaза. За да го постингат тоа, спремни се да уништат животи и да завзмеат храмови, рекол патријархот московски и на цела РУсија Кирил за време на осветувањето на Храмот на маченицата Татјана во Москва

„Во братска Украина се случуваат мноу тешки работи: знаеме дека силите на злото станаа против православната црква. Послушајте ги оние кои се борат за таканаречена независна црква, слушнете ја нивната интонација и зборови. Каква е тоа злoбa и oмpaза! Сите оние кои сакаат да формираат таканаречена независна црква за тоа да го направат, спремни се да уништат животи, црквениот живот, да упаднат и да завземат цркви и манастири…Зарем тоа е тој јазик на силата Божја?“, се обрати патријархот Кирил пред насобраните верници.

Според неговите зборови, расколниците се обидуваат да претстават идеи на темнината како нешто светло и позитивно.

„Послушајте ги лидерите на расколот, со каква oмpaза говорат. Зарем тоа е пастирски говор, зарем тоа се зборови на љубов? Единствени наследници на светлоста се светците, во светлост, додека другите паѓаат под власта на темнината. Треба само внимателно да се слушаат оние кои говорат за светлост додека се наоѓаат во темнина“, нагласил рускиот патријарх.

Тој изразил надеж дека никакви расколнички движења, никакво учесто на световните власти, никаква злобна и ратобијна реторика нема да ги одвои верниците од живот во Божјата светлост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This