РУСКИОТ ПОГЛАВАР СЕ СРЕТНА СО АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Патријархот Кирил се сретна со Илир Мета, ќе има средба и со Еди Рама

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патријархот Кирил за прв пат е во муслимански мнозинска Албанија како лидер на Руската православна црква .

Патријархот е на средба со свештени лица од Албанската автокефална православна црква, односно со архиепископот Анастасиос, по пристигнувањето на Меѓународниот аеродром во Тирана – Мајка Тереза.

Архиепископот Анастасиос рече дека “историската посета на патријархот” е од “извонредна важност”.

„Оваа, прва историска посета е од посебна важност бидејќи и двете цркви преживеаја жестоко комунистичко-атеистичко прогонство. Рускиот патријарх е многу значајна личност, која се вбројува на исто ниво со светските лидери и верски поглавари, како што е папата и вселенскиот патријарх“, пренесуваат албанските медиуми.

Кирил, исто така, ќе се состане со албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама за време на тридневната посета.

Тој, исто така, треба да посети литургија во Катедралата за воскресение во Тирана и да патува во Драч, каде што ќе ја посети теолошката академија таму.

Повеќе од 3 милиони луѓе во Албанија се муслимани, но покрај мнозинството муслимани има голем број православни и католици христијани.

Пописот во 2011 година проценува дека православните христијани сочинуваат околу 7 отсто од населението во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This