РУСКИТЕ АВИОНИ И ПВО СИСТЕМИ НАЈБАРАНИ НА ПАЗАРОТ: Високопрецизните ракетни системи и борбени авиони го завземаат приматот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Москва се сумирани резултатите од неодамнешниот военотехнички форум „Армија 2017“, една од најголемите изложби на оружје, муниција, воена и специјална техника и опрема во светот. По сите показатели, соборени се сите досегашни рекорди.

„По бројот на учесници, експонати, научни и деловни случувања, странски делегации, изложбени простори, форумот „Армија 2017“ ја надмина и минатата изложба во просек за еден ипол пат“, рекол заменик министерот за одбрана на Русија генералот Павел Попов.

Говорејќи со јазикот на бројките, речиси 700.000 луѓе го посетиле форумот кој траел од 22. до 27.август во Поодмосковље и уште неколку региони во Русија, вклучително и воениот парк „Патриот“, каде е забележана посетеност од околу 563.000 луѓе. Во изложбените павиљони и под отворено небо се претставени повеќе од 18.500 експонати на оружје, техника и специјална опрема. Учествувале повеќе од 1.200 компании, 114 странски земји, 65 официјални воени делегации, од кои 35 ги предводеле највисоките воени званичници – министри за одбрана, заменици министри и началници на генералштаби. Учесниците на форумот биле околу 8.600, а акредитирани биле околу 2.000 новинари од целиот свет. Во динамичната програма учествувале повеќе од 300 единици на руската воена техника. Во рамки на форумот се одржани 140 научни и деловни случувања.

„Целите на одржување на форумот се исполнети“, рекол Попов на денешната прес конференција одржана во руското министерство за одбрана во Москва.

„Русија на форумот Армија 2017 со странските партнери склучи договори вредни 300 милиони долари“, рекол директорот на Федералната служба за военотехничка соработка на Русија Димитриј Шугајев. Тој исто така додава дека на портфолиото на нарачките на руска техника во странство се наоѓана ниво од 47 до 50 милијарди долари.

Според зборовите на Шугајев, во вкупен обен борбената авијација завзема околу 50% од испораките.

Шугајев наведува дека Русија во странство испорачува целосна палета на ловци, надалеку чуени на меѓународните пазари. Тоа се ловци СУ-30, модернизираниот МиГ-29, новиот МиГ-35М, хеликоптери МИ-35, МИ-28, МИ-17, КА-52, школски борбени авиони „Јак-130“.

„Што се однсеува на ПВО техниката, најголем интерес досега владее за системите С-400, комплексот Тор, Бук, ПЗРК Игла, разни оклопни возила, тенкови Т-90, Т-90С, радио-електронски средства итн“, рекол Шугајев.

Тој истакнал дека во моментов се разгледуваат неколку барања на странски партнери за испорака на системот „Искандер“, кој е, како што истакнал, еден од најдобрите примероци на високопрецизно оружје.

Заменикот на рускиот министер за одбрана Јуриј Борисов рекол дека рускиот воен ресор смета на тоа дека идната година ќе потпише договор за испорака на ловци од петта генерација СУ-57, а дека руската војска тие авиони ќе ги добие во 2019 година.

„Огромен интерес на посетителите на форумот предизвика руската современа авијација, вклучително и авионите СУ-34 и СУ-35, а исто така и новиот ловец од петта генерација, кој веќе има назив СУ-57. Во моментов се работи на потпишување на договор за испорака на тие ловци и очекуваме дека тој ќе биде потпишан во 2018, а дека авионите ќе и бидат испорачани на руската војска во 2019 година“, наведува Борисов.

Исто така, во реални борбени услови се тестирани и крстаречките ракети „Калибар“ кои се лансираат од различни носачи, вклучително и подморници од проектот 636 „Варавјанка“, како и новите блиндирани возила, стрелачко оружје итн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This