РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКРИЈА: На дното на Бајкалот стотици милиони тони нафта со која се „сладат“ бактерии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сибирските научници дојдоа до заклучок дека на дното на Бајкалското Езеро се наоѓаат меѓу двесте и педесет и триста милиони тони нафта која полека се крева и ја загадува чистата вода на најголемиот резервоар на вода за пиење во светот, пренесуваат руските медиуми. Како што тврди докторот на геолошко-минералошки науки и соработник на Институтот за нафтено-гасна геологија и геофизика на Сибирското одделение на Руската академија на науки Валериј Москвин, доколку на овој простор дојде до силен земјотрес, еднократното ослободување на само 1,2 тони од оваа течност би предизвикало еколошка и економска катастрофа.

Новосибирскиот научник истакнува дека вредноста на чистата вода на Бајкалскиот басен изнесува 93 илјади тековни буџети на Русија. Како што рече академикот, покрај активацијата на сеизмичките процеси бајкалската нафта е предмет на научни истражувања, но таа истовремено претставува и опасност за езерските екосистеми.

„Благодарение на експедициите на научно-истражувачкиот брод „Г. Ј. Верешчагин“ и спуштањето со помош на подводните длабоководни апарати „Мир“ (во периодот од 2004 до 2008 година) во источниот дел на Бајкалското Езеро, на подрачјето на ’ртовите Горевој Утјос и Толсти, на длабочина од 200 до 900 метри, се пронајдени битуменски структури. Оттаму нафтата периодично се крева во водата во вид на топчиња со пречник од околу еден сантиметар, а во езерските води секоја година се испуштаат од три до пет тони“, нагласува рускиот научник.

Како што рече тој, токму микроорганизмите кои ја апсорбираат таа нафта помагаат водата на Бајкалското Езеро да остане чиста.

„Се работи за јаглеводородоот на оксидирачките бактерии од родот Rhodococcus. Тие во својот животен циклус употребуваат јаглеводороди и речиси целосно го искористуваат „највкусното“ од нив (односно парафинските). Rhodococcus престојува во нафтениот битумен и го спречува ширењето на нафтата во голема акваторија на басенот. Во исто време, овие бактерии играат улога на индикатори на штетни и опасни материи“, нагласува Москвин.

Според него, овие микроорганизми им помогнале на научниците да го докажат очигледното биогено потекло на нафтата во Бајкалското Езеро и да ја утврдат нејзината старост, односно дека настанала пред помалку од 65 милиони години.

„Тоа е една од најмладите нафти кои денес се појавуваат на Земјата. Самата анализа на појавата и созревањето на нафтата во релативно млад нафтено-гасен објект е од исклучителна важност за науката. Таа ни овозможува следење на феноменот на создавање на нафта во услови на напнат геотермален режим пред нашите очи“, тврди академик Алексеј Конторович, водечки експерт во областа на геологијата и геохемијата на нафтата и гасот.

Во исто време, научникот е убеден дека не може да стане збор за индустриска експлоатација на нафта во Бајкалското Езеро.

„Тоа ви е како во медицината, постојат забранети области за истражување кои може да го изобличат генотипот на човекот. Така е и овде, на такви места како што е Бајкалското Езеро, да се бара нафта за индустриски цели е забранета теми, така што на тоа дури и не треба да се помисли“, нагласува рускиот научник.

Бајкалското Езеро се наоѓа во јужниот дел на Источен Сибир и е според многу нешта уникатно. Тоа е најдлабокото езеро на Земјата и најголемиот природен резервоар на вода за пиење. Во езерото се влеваат 350 реки кои постојано ги донесуваат своите води. Должината на Бајкалското Езеро е 636 километри, максималната ширина е 79,5 километри, а најмалата 25.
Извор:rbth.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This