РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ СОЗДАДОА НОВ ВИД МИРОЉУБИВИ ПЧЕЛИ, ОТПОРНИ НА МРАЗ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската „далекуисточна“ пчела дава повеќе мед.
Научници од Приморскиот крај одгледаа нов вид пчели, мирољубиви и отпорни на мраз, соопштува весникот „КП“ повикувајќи се на РИА „Новости“. Максим Шаров, шеф на лабораторијата за производство во Федералниот научен центар за агробиотехнологии на рускиот Далечен Исток „А. К. Чајка“, изјави за новинарите дека откритието е веќе патентирано и, што е најважно, руските „далекуисточни“ пчели даваат повеќе мед.

„Предците“ на новиот вид се донесени во Приморје пред 150 години од Украина и од централните области на Русија. Кога пчелите се аклиматизираа стана јасно дека „старите“ даваат повеќе мед од новите пчели кои подоцна беа донесени.

Научниците продолжија да ги одбираат од тие „локални жителки“ најдобрите примероци. Резултат на селекцијата е нов вид кој е добиен во 2016 година.

Тие се разликуваат според изгледот, биолошките карактеристики и условите за пчеларство.

„Подобрени им се отпорноста на студ, репродукцијата и продуктивноста. Овие пчели даваат 20-30% повеќе мед од пчелите кои не поминаа низ процесот на селекција. Новиот вид има високо ниво на зачувување на општествата во текот на зимата. Пчелите се прилагодија на суровата клима и на наглите промени на температурата, и многу се мирољубиви“, истакна Шаров.

Со експертиза на Серускиот научно-истражувачки институт за сточарство е утврдено дека новиот вид пчели генетски се разликува од другите регистрирани видови. Неодамна приморските научници го патентираа своето достигнување како нов вид домашни пчели под називот „далекуисточен“ и добија дозвола за нивно користење во Русија. Патентот ќе овозможи реализација на обемна селекција и работа со овој вид во различни региони на земјата.

Пчеларите во Приморскиот крај веќе го тестираа новиот вид, но производството на мед од овие пчели ќе тргне со полна пареа дури кога ќе се појават официјални центри за репродукција во кои ќе се одгледуваат чистокрвни матици и друштва на овие видови пчели. Засега не е предвидено издвојување на финансиски средства за оваа намена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This