РУСКИТЕ РАКЕТИ СО ДОСТРЕЛ ДО СЕКОЈА ТОЧКА НА СВЕТОТ: Од Црното Море, Руските ракети покриваат од Египет до Скандинавија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влијателниот британски весник Financial Times, објави дека НАТО е загрижен од доаѓањето на руските крстаречки ракети “Калибар” во Црното море.

rusija_brod_raketa

Истите ракети со кои руските воени бродови, прво од Каспиското море, а потоа од источниот дел на Медитеранот, ги гаѓаа базите и позициите на Исламската држава во Сирија. Истиот медиум тврди дека во западната воена алијанса сметаат дека Русија преку ракетите “Калибар” во Црното море, ја реализираат стратегијата на спротивставување на алијансата под шифрирано име A2AD.

Financial Times нагласува дека за два месеци во очи на самитот на алијансата во Варшава, многу нејзини членки се загрижени поради тоа што Москва го зголемува военото присуство во Црното море и околу него.

Весникот, што не е никакво изненадување, без било какви резерви ја цитира оценката на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дека Русија го претвора Црното море во “руско езеро”, како и неговиот апел, НАТО ги засили своите позиции на Црното море.

Потпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, одби да ги коментира зборовите на Ердоган за “руското езеро”, нагласувајќи : “Јас не сум лекар”. Воените раководители на НАТО за наводната руска стратегија А2АD, подразбираат, оневозможување на пристап и продирање во црноморскиот воздушен простор.

Тврдат дека Русија настојува да оформи своја зона на влијание и да им засмета на НАТО силите, бродовите и авионите, да пловат и летаат во близина на нејзините граници.

За НАТО, Црното море се смета за централна точка, бидејќи според нив руските воени бродови со ракетите “Калибар” од тоа море можат да погодат се, помеѓу Каиро и Вилнус. Financial Times тврди дека Москва во зајакнувањето на црноморските флоти и можности на тоа море после 2010 година, вложила повеќе од милијарда долари.  Весникот нагласува дека алијансата ќе го зголеми бројот на патролни и извиднички летови на својата авијација над Црното море.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This