April 25, 2024, 10:06 pm

РУСКИТЕ ХАКЕРИ ПОСИЛНИ ОД НАТО: Не само што хакирале во САД и Германија, руските хакери ги поразиле и системите на НАТО и други европски влади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руските хакери осомничени за упад во компјутерските системи на германски институции, можеби нападнале и министерства на други европски држави, изјави американски експерт за безбедност за весникот „Велт“.

Руската хакерска група АПТ28 (APT28) позната уште како „Фенси Бер“ (Fаncy Bear), се обидела да добие пристап до системите за безбедност на министерствата за надворешни работи и за одбрана на други европски држави, изјави Бенџамин Рид од калифорниската компанија за компјутерска безбедност „ФајрАј“ (FireEye).

Новите информации биле собрани од таканаречените шпионски „фишинг“ електронски пораки кои неговата компанија ги открила во компјутерските системи на неколку влади во ЕУ. Рид истакнал дека AПT28 очигледно не е група криминални хакери заинтересирани за материјални придобивки. Но, изборот на целите и нејзините методи на дејствување јасно укажуваат на тоа дека се вклучени државни власти, додал експертот.

Германските медиуми вчера јавија дека руска хакерска група позната како АПТ28, упаднала во сервери на германското МНР и Министерството за одбрана и одзела податоци. Германското МВР потврди дека во тек е истрага за „кибер инцидент“ што влијаел врз компјутерска мрежа на германската Влада. Министерството додаде дека владините агенции кои биле цел на нападот преземаат заштитни мерки по „кибер инцидентот“.

Меѓу институциите за чии компјутерски системи исто така се тврди дека биле нападнати е Федералната влада и Ревизорската комора.

Германските берзбедносни служби го откриле кибер нападот во декември и се обидуваат да утврдат до каде во компјутерските мрежи успеала да пробие групата. Пробивањето веројатно траело повеќе од една година.

Истрагата ја води Федералната служба за информатичка безбедност и Федералната служба за заштита на Уставот (контраразузнавање) со помош на надворешното разузнавање.

Германското конраразузнвање ја посочи „Фенси Бер“ како одговорна за нападот и врз германскиот Парламент и партијата на канцлерката Ангела Меркел во 2015 година.

Групата е обвинета и за кибер напади против НАТО, како и против Демократската партија во САД во кампањата за претседателските избори во 2016 година.

Германските власти потврдија дека го истражуваат кибер нападот, но истакнаа дека ситуацијата е под контрола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This