РУСКИ АВИОНИ И РУСКА ВОЈСКА ПРИСТИГНАЛЕ ВО СРБИЈА: И покрај притисоците на НАТО, руските и српските сили имаат заеднички вежби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информацијата за вежбата „Барс 2016“ во која учествуаат заеднички посади на борбеното и воено воздухопловство на авионите „МиГ-29“ и хеликоптерите „МИ-9“ во НАТО се доживуваат како своевиден флерт на Србија со Путин и свртување на грб на НАТО пактот и САД. Во овој момент кога САД и Русија се на работ на воен конфликт во Сирија, Алијансата ниту малку благонаклно не гледа на докажувањето на Русите дека можат да бидат значаен воен фактор и на Балканот

01mig-fific_620x0_620x0

Бранко Радун, политички аналитичар, наведува дека и НАТО покажува лицемерност и параноја.

-НАТО исклучително го нервира секоја врста на соработка во безбедносната сфера помеѓу Србија и Русија, иако соработката со НАТО и воените сили на НАТО пактот, пред се на САД, е многу поинтензивна бидејќи со нив сме имале повеќе и состаноци и воени вежби и потпишавме некои договори со кои на некој начин им се приближуваме на нив. Испаѓа дека не може ниту 10% од она што се работи со нив да се работи со Русија. Тукка мислам дека не е само прашање на воените вежби, туку и продажбата на руско оружје на Србија што Американците ги прави нервозни. И тие се доста параноични, бидејќи во секоја соработка гледаат ризик од свртување на Србија кон Русија или вртење на грбот на Америка и НАТО – вли Радун.

Имено, според тврдењата на дипломатски извори за „Ало!“, информацијата дека во Србија во строга тајност допатувале пилоти од воздухопловните сили на Русија и дка денес со претставниците на воздухопловството и противвоздушната одбрана на Војската на Србија по прв пат ќе одржат заеднички тактички вежби, и тоа во реме на најголемата конфронтација на Русија со Западот уште од Студената војна, ги разбеснело претставниците на НАТО пактот.

Овие маневри, со заедничката вежба на специјалните единици во ноември, предизвикуваат аларм на Западот дека Србија дефинитивно се врти кон Русија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This