April 19, 2024, 12:33 pm

РУСКИ АДМИРАЛ ОТКРИВА: Само ова оружје може да го уништи светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Списокот на подморници кои, според „Нешенел интрест“, можат да го уништат светот за 30 минути, е неточен и непотполн, изјви поранешниот командант на Северната флота, адмирај Вјачеслав Попов, истакнувајќи дека хипотетички, светот може да се уништи со балистички ракети.

Американското списание објави список од пет подморници кои според нив се во состојба да го уништат светот. Три од подморниците се руски, 955 „Бореј“, 6675БДРМ „Делфин“ и 885М „Јасен М“, а другите две, „Охајо“ и „Колумбија“, се американски.

„Овие објави се политички и немаат никаква врска со професионалната воена анализа. На списокот треба да се најдат само оние подморници со балистички ракети, а не и оние со крстосувачки ракети“, вели Попов.

Адмиралот објасни дека борбениот потенцијал на боевите глави на балистичките ракети е несразмерно поголем од потенцијалот на ракетите крстосувачи, и дека хипотетички, само балистичките ракети би можеле да го уништат светот.

Попов додаде дека списокот на „Нешенел интрест“ исто така не ги земал предвид нуклеарните подморници на Велика Британија, Франција и Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This