РУСКИ ВОЈНИЦИ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА: Славата ја стекнале на Крим и Сирија, за нив никој и ништо не знае

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информациите за нив се тајни и за жал не може потполно отворено да се говори за нив. Сепак една работа е јасна, а тоа е дека се професионалци од највисок ранг, кои денес по сите параметри и показатели ги надминуваат во способноста сите други специјални единици ширум светот вклучувајќи ги и оние на најголемата светска сила, САД.

Силите за специјални операции ССО на Русија денес го слават својот ден. За пет години од нивното постоење овие елитни единици се прославија со своите операции на Крим и во Сирија, а западните аналитичари сметаат дека овие сили се главниот инструмент за спроведување на војната на новата генерација.

ССО Русија се релативно малад структура на Вооружените дили на Русија. Формирањето на единиците е започнато во 2009 година, во склоп на воените реформи, а завршено е во 2013 година.

Овој ден е избран за ден на ССО и се нарекува денот на љубезните луѓе, бидејќи токму ноќта на 27 февруари 2014 година започна транспортот на руската војска на Крим. Руската војска токму на овој ден започна со блокирање на Украинските воени објекти на полуостровот и ги превземаа административните згради. Ефикасната и молскавична акција љубезни луѓе беше завршена без ниту еден испукан куршум и разоружаа 20 до 30 илјади украински војници.

Бројот на припадници на ССО не е официјално наведен, а во тајност се држи и идентитетот на нивниот командант. Познато е дека се потчинети на началникот на Генералштабот Валериј Герасимов , кого западот го нарекува стратегот за хибридна војна.

Експертите велат дека ССО Русија е спој на огромно борбено искуство, високотехнолошко наоружување и опрема , а специјалност им се диверзантско извидувачки и обавестувачки операции.

Експертите истакнуваат дека оваа елитна единица може во било кое време да изврши десант на било која точка на планетата. Ги нарекуваат ударната тупаница на Русија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This