Руски пратеник ќе се обиде да го помине месецот со 10.000 денари: Резултатите ќе ги објави на социјалните мрежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петар Кирилов е пратеник од Астраханската област, кој реши преку експеримент да ја подигне свеста дека е неопходно да се преземат мерки за зголемување на минималната плата кај граѓаните.

Имено, тој одлучил еден месец да се обиде да преживее со 10.000, колку што изнесува минималната плата во оваа област, а во сумата се вклучени и сметките за струја, вода, комуналии. Кога ќе се одземе тоа, му остануваат 4.500 денари за прехрана во текот на целиот месец.

Тој веќе објави фотографија од неговиот дневен оброк на неговата страница на една од социјалните мрежи. Петар во еден ден ќе јаде 363 грама леб и житарици, околу 500 грама компири и зеленчук, 215 грама месо и риба и околу еден литар млеко. Освен ова, тој може да си дозволи микроскопски парчиња путер, јајца, зачини и шеќер.

„Сигурен сум дека овие пари не се доволни за нормален живот. За текот на експериментот ќе ве известувам преку социјални мрежи, ќе го објавам и конечниот резултат од експериментот на едно од заседанијата во Парламентот и во име на нашата партија ќе се залагам за подигање на минимумот на минимална плата“, вели Петар Кирилов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This