РУСКОВСКА ВО ОБИД ДА ГИ ЦEHЗУPИPA МЕДИУМИТЕ: Држеше часови по новинарство, медиумските работници алapмираат, реториката на обвинителката ќе доведе до автоцензypa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Точно се знае што еден новинар смее или не смее да објави, во стил на уредник порача обвинителката Вилма Рускоска. Таа коментирајќи ја кривичната пријава против Александар Митовски од Инфомакс, им суди на новинарите и им држеше лекции. Вели не смеел да ја да го објави исказот на Камчев за „Рекет“. За Рускоска било комплицирано Обвинителството да се занимава со тоа кој го извадил записникот надвор од институцијата, ама за новинарот веднаш пресуди.

Медиумските работници велат дека ваквата реторика на еден обвинител може да доведе до автоцензура, типична за едно општество кое е блиску до режим и диктатура.

-Околу тоа дали се знае што треба или што не треба да пишуваат новинарите, би било најдобро самата госпоѓа Рускоска да ни одржува скратени курсеви. Како што звучеше синоќа најдобро е новинарите да молчат и воопшто да не пишуваат ништо. Трагично е тоа што подобро е да се убие гласникот, отколку да се пронајдат кртовите кои ги изнесуваат информациите, било од судот било од Обвинителството, вели за Алфа новинарот Предраг Димитровски.

Рускоска не ја демантираше содржината на објавената информација на Инфомакс, рече дека станувало збор за фотокопија од оригиналниот записник. Во текстот пишува дека Заев ги предупредил Боки 13 и Кичеев дека против нив има пријавата и да ги прекинат сите контакти со Камчев. За разлика од Рускоска, премиерот кажа дека станувало збор за фејк њуз и најави тужба.

-Постојаните закани со тужби кон новинарите и медиумите, исто така претставуваат само потврда дека е доведена во прашање слободата на изразувањето во медиумите, изјави Димитровски.

Судејќи според сите изјави – се поставува прашањето: кој лаже- новинарите, институциите или премиерот?

Пред обвинителката Рускоска да поднесе кривична пријава против новинар за случајот „Рекет“, за истиот случај кривични пријави најавуваа и највисоки функционери од власта, меѓу кои и премиерот Зоран Заев. Се поставува прашањето, дали ова е ветуваната слобода на медиумите која власта ја ветуваше додека беше во опозиција.

Пишува: Матеја Петровски за Алфа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This