РУСКОВСКА Е ЦЕЛОСНО ВО ФУНКЦИЈА НА ЗАЕВ: Лажeлa за тоа што разговарала со лидерот на опозицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју на ТВ Шења изјави дека во вчерашна емисија ја слушал Вилма Русковска како не ја говори вистината.

-Се става целосно во функција на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Сега еве вие сте ВМРО-ДПМНЕ и преговарате и сега свесни сте дека тоа што го гледате и тоа што го слушате дека не ја говори вистината како можете да поддржете една такво решение кога знаете дека не ја говори вистината. Вчера тоа што го кажа како ме видела на прес конференција како мавтам со документи па ми се јавила па да ме повика па дека она била свесна дека практично јас нема да соработувам, не е тоа вистината, -посочи Мицкоски.

Тој изјави дека колку што се сеќава на 25 или на 26 јули Вилма Русковска му пратила порака каде што му напишала дека сака да се слушне со него доколку е во можност.

– Потоа јас се јавив повелете сакав да се видиме, повелете јас сум во штабот на работни состаноци, не вика сега да не доаѓам таму на друго место, деновиве да се видиме. Во ред мене деновиве ми е набиена агендата што е темата дали би можеле да посведочите за тоа што Катица Јанева ви ветувала. Се сеќавате на таа моја изјава каде што Катица Јанева пректично мене ме уценуваше кога велеше дека поддржете го законот за специјалното јавно обвинителство во собрание, ќе ви го одмрзнам имотот, додаде Мицкоски.

Мицковски понатаму појасни дека се договориле по завршување на годишните одмори да се слушнат и да се договорат да се видат.

– Дојде 15 август јас се вратив од годишноте одмори и и пратив порака јас сум во Скопје и и стојам на располагање. Не во ред ќе те побарам, еве денес сме 30 Октомври ниту ме побарала нити има обид за такво нешто. А онаа прес конференција која што ја спомнува обвинителката практично беше на 11 Септември, тоа е еден месец откако завршиле годишните одмори, не ја говори вистинаа кога вели дека ме видела на прес конференција па ме побарала. Не е вистина и за тоа имам и приватни докази и тоа можам да го потврдам, навистина се чуствувам непријатно, просто човек повеќе да не разговара со никого од редовите на СДСМ или љубителите на ликот и делото на Зоран Заев. Ги прераскажуваат разговорите но ги прераскажуваат погрешно не ги прераскажуваат точно,-нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This