Русковска знaeла дека Mиjaлков ќе бeгa уште во саботата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како да барам притвор во саботата, кога ниту АНБ немаше сознанија за бегството на Мијалков, вели Русковска во интервјуто.

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за емисијата „360 степени“ вечерва кажа како течела комуникацијата со Министерството за внатрешни работи во саботата – ден пред да проструи информацијата дека Судот изрекол куќен притвор за Сашо Мијалков, како мерка на претпазливост, но и дека полицијата не може да го најде обвинетиот. Русковска вели дека од свои извори добила информација дека е можно Мијалков да бега и за тоа лично го известила прво министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Јас во саботата некаде после 12,30 на пладне, откако добив информација дека е можно бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, остварив контакт со Министерот за внатрешни работи при што тој ми кажа дека ќе ги провери сознанијата кои јас сум ги добила. Некаде после 15 часот, сега не знам точно, ми се јави министерот и ме замоли она што по телефон сум му го кажала да го напишам на писмено и да му го доставам. Јас истото го сторив и известување доставив, сега не знам дали беше 16,30 или 17,00 часот, мислам дека нема да биде толку битно, не обрнував внимание на тоа и некаде после 10 и пол часот, односно 22 и 30, ми донесоа известување од полиција, односно истото известување кое јас им го пратив само со додадени генералии на обвинетиот Мијалков. Јас се јавив на директорот на полиција, го прашав дали оствариле контакт со Агенцијата за национална безбедност и дали тие имаат некои сознанија при што директорот ми кажа дека Агенцијата за национална безбедност нема сознанија за бегство на Сашо Мијалков. Се слушнав и со Републичкиот обвинител и истиот ме праша, бидејќи известувањето беше доставено до мене, до Љубомир Јовески, до Ленче Ристовска и до Трајче Пеливанов. Републичкиот обвинител ме праша колку ми е сигурна информацијата, јас реков дека тоа ми е оперативна информација од мој личен извор. И се договоривме да видиме следниот ден. Потоа јас во комуникација со Јавниот обвинител на Северна Македонија се обидов да го најдам, да стапам во контакт со мојот извор, да прашам до каде е, односно колку е сигурна информацијата. Со истиот успеав да се слушнам дури околу пладне и при што, сега не можам да откривам детали, но дека на скала од 1 до 10, дека информацијата е некаде 7“, образложи Русковска за „360 степени“.

На прашањето зошто уште во саботата не е побаран притвор, врз основа на добиените сознанија, обвинителката посочува дека информацијата била непотврдена, а за можно бегство не знаеле ниту во АНБ.

„Видете, тоа беше непотврдена информација од еден извор. Замислете, кога Агенцијата за национална безбедност нема никаква информација, врз што ние да настапиме со сигурност?“, тврди Русковска.

Извор: 360

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This