РУСКОВСКА НЕ ОТКРИВА НИКАКВИ ДЕТАЛИ: Груевски ги повикува од ОЈО јавно да ги објават доказите против него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку не беа отворени вратите од Собранието, немаше да се случат немилите настани на 27 април, изјави обвинителката Вилма Русковска.

Груевски кој е оcомничен за злоупотреба на партијата на Фејсбук бара јавно објавување на доказите.

Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ се обвинети дека ги организирале немилите настани од 27 април и за таа цел со другите обвинети ја ставиле во функција целата партиска структура, соопштија на прес конференција обвинителката Вилма Русковска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Истрагата е отворена затоа што за ова обвинителството има обезбедени пораки, за дел се уште се работи.

Говорејќи со иницијали за осомничените, Русковска посочи дека за цело време додека траел настанот меѓу Груевски, Јанакиески и Ристовски течела координација, која потоа продолжила со општинските, месните и општинските комитети на кои им се давале насоки и се повикувало членството. Таа посочи дека законот за амнетија не важи за организаторите.

„Јас сметам дека доколку не беа отворени вратите од Собранието немаше да се случи квавиот настан на 27 април“, изјави Русковска.

Обвинителството не откри повеќе детали ниту за доказите ниту за конкретната улога на секој од петтемина оcомничени кои се опфатени во истрагата, но посочија дека е можно проширување на иcтрагата и за други инволвирани доколку обезбедат докази за тоа.

Доказите ќе бидат испратени до судот, по што судот преку Министерството за правда ќе бара екkтрадиција на Груевски од Унгарија и на Никола Бошковски од Грција.

На социјалните мрежи се огласи и поранешниот премиер Груевски кој наведува дека ниту организирал, ниту дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратениците.

„Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене. Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај. Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе…,, или ,,истрагата е тајна…,, и слични празни флоскули. Ова не е обичен случај, туку случај кој го следи целокупната домашна и меѓународна јавност и не може наводните докази да бидат само во вашите фиоки“, напиша на својот фејсбук профил Груевски .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This