РУСКОВСКА НЕ САКА ДА ГИ ГЛЕДА СНИМКИТЕ ОД КАБИНЕТОТ НА ЗАЕВ: Од Милошоски бара cвeдoци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителката Вилма Рускоска објаснувајќи ги снимките кои ги достави пратеникот Антонио Милошоски објасни дека од него побарала сведоци кои ќе ја поткрепат снимката. Обвинителката исто така рече дека е несериозно барањето на Милошоски да се провери кој влегувал во кабинетот на поранешниот премиер Заев во мај минатата година.

Тој ми рече да сум побарала снимки од безбедносните камери во владата од цел мај минатата година. Сметам дека тоа е прилично несериозно имајки предвид колку многу влегуваат и излегуваат од кабинетот на премиерот. Друго ке беше ако тој ми посочеше точен датум. така би било возможно но тој не ми посочи датум, рече Русковска.

Меѓутоа, ваквата изјава наликува повеќе на алиби за да не се работи околу снимката, отколку на некаков аргумент. Зашто, Милошоски, посочи кој учествувал во разговорот и при тоа спомена дека на него бил пристутен еден од учесниците во „Рекет“ и едно непознато лице.

Оттука нејзината оценка за несериозност повеќе говори за нејзина несериозност. Снимката од камерите во владата не мора да ја гледа лично обвинителката, тука може да го сторат нејзини помошници и стручни соработници.

Единствено што треба да се утвррди е кога во мај, и кој од учесниците во „Рекет“ влегол во кабинетот на поранешниот премиер Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This