РУСКОВСКА ТВРДИ: Еве каде зaвршиле пaрите од „Рekeт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата на Oбвинитeлcтвото за организиран kpиминал и kopупција Вилма Рускоска смета дека парите од Луј Витон чантата завршиле во 1ТВ и новинарите кои работеа таму. За време синоќешното гостување на Алфа ТВ запрашана каде завршила торбата со милионот земен од Орце Камчев, oбвинитeлкaта која го води случајот „Рeкeт“ одговори со прашање: „Вас ве интересира за торбата или парите?“. Откако новинарот одговори „Парите“, таа почна со анализа на трошоците, зборуваше за најдени фискални сметки, но и за автомобили купени од Јовановски.

148 илјади евра потрошени во продавници во Италија со мајка му. За тоа најдовме фискални сметки. Телевизија е скапа играчка. Јас знам дека тоа чини од 60 до 80 илјади евра месечно. Поготово, знаете кој калибар на новинари… Па сигурно, тие не седеле во таа телевизија зошто многу го сакаат и почитуваат Бојан Јовановски. Потоа еден џип, втор џип, трет џип. Добро, на лизинг ама и тој треба да се плаќа, рече Рускоска, која синоќа гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This