Рускоска го „тpece од гаќи“ СЈО: Има ли злoyптреба во исплатата на мега бонусите на обвинитeлитe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како Катица Јанева делела баснословни суми за себе и за колегите? Зошто од сметката на СЈО, биле делени пари на функционери од власта, кои имаат должност да работат по барање на обвинителите. Како што е примерот со командантот на „Алфите“, Примислав Димовски или поранешниот директор БЈБ, Лазо Велковски.

На овие прашања одговори ќе бара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од каде денеска пратија истражители да ја испитуваат финансиската работа на СЈО.

Од Основното Обвинителство официјално не потврдуваат што точно бараат, сепак неофицијалните информации велат дека ќе се испитуваат сите договори за вработување, договорите за доверливост, исплатите на плати, надоместоци и бонуси.

-Истражители по налог на Јавното обвинителство се во просториите на СЈО за да обезбедат финансиски документи.

Така нарекуваниот симбол на правдата, почна да се урива откако во јавноста избувна „Рекет“, за потоа овој случај да ја однесе шефицата на СЈО, Јанева во притвор. Во јавноста беше познато дека оваа институција располага со големи финансиски средства, но како биле трошени остана тајна се додека дел од овие информации не беа објавени на платформата „Отворени финансии“.

Преку нив се виде дека Јанева и колегите, покрај платите земале и големи финансиски средства преку договорите за доверливост. Шефицата земала речиси 160.000 евра. Од СЈО покрај обвинителите ќарувале и фунцкионери од власта. 40.000 евра завршиле во џебот на Примислав Димовски, 33 илјади во џебот Лазо Велковски. 26.000 евра добил и директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Пари од оваа каса добиле и деца на функционери на СДСМ и на судии.

20 илјади евра завршиле во џебот на Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ. Речиси исто добила и Катерина Тунџева, ќерка на директорот на Катастар, Борис Тунџев. 6.000 евра помалку од нив добила Марија Василевска, ќерка на екс директорот на ЕЛЕМ, Сашо Василевски.

На платниот список на СЈО, биле синовите на судијките Мира Ангелеска и Лидија Неделкова. Стојан Ангелески добил 14 илјади евра, а нешто повеќе од 13 и пол илјади добил Давид Неделков. Од СЈО „ќарила“ и Елена Јосифоска, ќерката на заменичката на Јанева, Елизабета Јосифоска добила 30.000 евра.

И новинари биле платниот список кај Јанева, како што е уредникот на згаснатата 1тв, Сашо Орданоски, кој од СЈО добил речиси 4,200 евра во текот на 2018-та.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This