РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Загрижени сме поради можност за ескалација на конфликтот по диктат на Западот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашната средба помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Амбасадорот на Руската Федерација, попладнево Министерството за надворешни работи на Русија излезе со соопштение во врска со политичката криза во државава

mnr-rusij

Од Руското МНР известуваат дека се загрижени поради продлабочената политичка криза во Македонија по вештачки предизвиканите предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 11-ти декември минатата година, кои не доведоа до решавање на систуацијата.

„Костантираме продлабочување на политичката криза во Р.Македонија. Станува очигледно дека вештачки предизвиканите предвремени парламентарни избори што се одржаа на 11-ти декември 2016 година не доведоа до решавање на ситуацијата„ – се вели во соопштението на Руското МНР.

Како што велат во соопштението МНР на Руката Федерација, се продолжува со псевдо-демократскиот надворешен притисок врз политичките сили во Македонија. Според МНР на Русија, очигледна е целта – некои Западни сили сакаат да се разреши со Македонските политичари кои не им се омилени, и покрај јасно изразената волја во корист на Никола Груевски и коалицијата „За подобра Македонија“ и за Али Ахмети и Демократската Унија за интеграција.

Од особена важност е фактот дека во мултиетничка Македонија, веќе се случи сериозен етнички конфликт, а политичарите од една етничка заедница врз основа на надворешно диктирани ултимативни барања фактички решаваат кој од блоковите на другата заедница да влезе во составот на идната владина колаиција – стои во соопштението.

„Бесрамното макијавелистичко манипулирање со волјата на гласачите може да предизвика ескалација на состојбата во Македонија и да ја наруши кревката стабилност во целиот регион“, истакнува Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Убедени сме, потенцираат од руското МНР, дека само со целосно отфлање на штетните надворешни влијанија и со фокусирање на вистинската демократија, и самостојно решавање на внатрешните проблеми се основа за зацврстување на довербата меѓу народите кои живеат тука и формирање регионална клима за безбедност.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This