РУСКОТО МНР И ОДГОВОРИ НА ШЕЌЕРИНСКА: Русија ги смета за провокација обвинувањата за мешање во внатрешните работи на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинувањата дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија се фабрикувани и неосновани, соопшти денес Руското министерство за внатрешни работи

Минатата недела, Блумберг пренесе цитат од интервју на Македонската министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, каде што таа вели дека земјата ги зајакнува напорите за членство во НАТО со што земјата би била заштите на од мешањето на Русија.

„Потенцираме дека обвинувањата дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија се комплетно фабрикувани и се базираат на неосновани изјави на Русофоби, како и во корист на изведување на информациски напади“, изјавила портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Русија постојано се обвинува за мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на медиумите под контрола на СДС во Македонија, како и од медиумите на Сорос во Македонија и регионот.

Невладината организација поддржана од САД, ОЦЦРП во неделата пак објави сторија во која се тврди дека Македонија била предмет на „силна и субверзивна пропаганда и разузнувачка активност“ имплементирана преку Руската амбасада во Маекдонија.
ОЦЦРП објави документ, за кој што тврди дека е од Македонската агенција за контраразузнавање и неколку други документи врз кои се базира сторијата. Извештајот сепак содржи само неколку фотографии од кои е тешко да се потврди автентичноста.

Руското МНР ги нарече обвинувањата за наводното мешање во внатрешните работи во Македонија, провокација.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This