РУСКОТО ОРУЖЈЕ ПОСИЛНО ОД АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ: И покрај санкциите за руското оружје се чека ред за нарачка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон соопшти дека санкциите нанеле губитоци на руската воена индустрија во износ од околу три милијарди долари, додека Москва таквите тврдења категорично ги одбива. Руските претставници сметаа дека позади таквите изјави стои „страв од конкуренција“ на пазарот на оружје

Портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков изјави дека Русија се обидува да ги намали ризиците на пазарот за воено-техничка соработка, настанати поради нелојална конкуранција од страна на САД.

Тој нагласува дека Москва ќе продолжи да се бори против такви акции на Вашингтон.

Песков потсети дека воено техничката соработка е „чувствително подрачје“ и дека таа област не е подложна на голема транспарентност, од познати причини, така да, како што рече, „нема потреба за детали“.

Заменик претседателот на комитетот на Државната дума за одбрана и безбедност Јуриј Швиткин, коментирајќи ги изјавите на САД за губитоците на руската воена индустрија, рече дека таквите тврдења „апсолутно не одговараат на деталите“.

Според неговите зборови, сеуште ниту една земја не отстапила од соработка со Русија кога е во прашање трговијата со оружје. Тој нагласува дека Москва, како и претходно, останува клучен играч на пазарот на вооружување.

„Никакви снакции не можат да ги убедат нашите партнери да отстапат од купување на руско оружје, и до ден денес не постои земја која тоа го направила. Ако некоја земја се откаже од купување на наше оружје, тогаш нејзиното место ќе го завземе некоја друга. За нашето оружје има редица! А тоа дека САД се плаши од конкуренција во воената индустрија, тоа е очигледно“, вели Швиткин.

Експертот за Американско вооружување Арег Галстјан вели дека иако САД се обидуваат да ги нарушат договорите за испорака на оружје, значаен дел од нив, сеедно, е реализиран.

„Воено-индустрискиот комплекс не се само финансии, туку, пред се тоа е политика: три милијарди долари е мала ставка, тоа е отприлика еден договор со некоја просечна држава“, објаснува тој.

Според него, Турција купила ракетни системи С-400, Филипините исто така купуваат руско оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This