,,РУСКО ВЛИЈАНИЕ” ВО МАКЕДОНИЈА: Русите го пишманија Заев, ја одложи „метлата“ за една недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев се поколеба и имињата на функционерите од вториот и третиот ешалон кој ќе подлежат на „метлата“ наместо да ги соопшти денеска, ќе ги објави следниот вторник.

Според најавите, по владината реконструкција и изгласувањето на новите министри во Собранието, денес требаше да биде познати кои 20-тина директори од јавните претпријатија, дирекции, комисии, фондови и агенции ќе бидат заменети со други кадри.

Како што извести синоќа 24 Вести, Заев барал дополнително време за да размисли за кадровите промени во своите редови, но и се уште немао договор со коалициониот партнер ДУИ.

Неофицијално, Васко Ковачевски наместо директор на РЕК Битола треба да биде назначен за прв човек на АД ЕЛЕМ, а на негово место да дојде неговиот заменик и претседател на СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски. Гласините велат дека ќе има промени во раководствата на Македонија пат и Агенцијата за странски инвестиции.

Вчера генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, остваруваше средби со помалите коалициски партнери, од чии редови исто така доаѓаат прилично голем број на директори на централно и локално ниво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This