April 24, 2024, 11:06 pm

РУСЈАКОВ: НАСА кај и да е ќе инвестира во Северна, важно не сте ФИРОМ и нема екстерно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Писателот и режисер, Александар Русјаков на Фејсбук ги коментира последните политички случувања во државата како што знае во свој стил. Тој иронично коментира дека граџанството сега е среќно бидејќи повеќе не сме ,,ФИРОМ” и нема екстертно. Понатаму посочува дека НАСА ќе инвестира во Северна, а место АСНОМ граѓаните земаат 500 евра плата. Тој не заборави да ги спомене 250 илјади евра на ден од ЕУ, притоа забележувајќи дека ако му дадеме уште 60 пратеници на Заев тој ќе може да го направи квантниот скот на три метри кубни литри квадратни!

-Важно не сте ФИРОМ. И нема екстерно. А и НАСА еве кај е, само што не почнале пристапни преговори за Марс.Порано имавме АСНОМ, сега 500 евра плата минимум. И не заборавајте, ЕУ дава 250.000 евра дневно за вас. Таму здравството е бесплатно, само уште да му дадеме 60 пратеници на Заев за да може да не научи како се практикува квантен скок на три метри кубни литри квадратни. И додека Груевски скапува во банана држава како Унгарија, еве кај е јуни/јули, а плажите во Грција се на дофат од раката. Ние како северноцрпнати сме Скандинавија за нив. Во меѓувреме слушајте го она старо интервју на Катица Јанева на МРТ, ама наопаку, ќе чуете невидена пророчка елоквентност за тоа каква среќа не очекува како северноцрпнати граѓани од 2035 па натаму. Со почит, ваш Данил Хармс, пишува Русјаков на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This