Рaдиоakтивно зрачење се шири од непознат извор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невообичаена радиоактивност, низок интензитет и безопасна за луѓето, е забележана кон крајот на јуни во северна Европа и веројатно е поврзана со нуклеарен реактор, соопшти денеска виенската Меѓународна агенција за атомска енергија (МАЕА).

Нордиските земји – Шведска, Норвешка и Финска, објавија пораст на цивилната рaдиоактивност во последната недела од јуни. Оваа информација е потврдена од разни институти.

МААЕ изјави дека необичната рaдиоактивност е „веројатно поврзана со нуkлеарен реактор во функција или одржување бидејќи тогаш се можни многу ниско-интензитет рaдиоактивни изданија“.

Организацијата, која потврди дека зрачењето е безопасно за луѓето, изјави дека сè уште не може да ја утврди локацијата на тој нykлеарен реактор.

МАЕЕ додаде дека разменила информации со околу 40 земји, вклучувајќи ги Русија и Летонија, но ниту една не пријавила невообичаени нykлеарни активности на нејзина почва.

Холандскиот институт за јавно здравје и животна средина минатата недела објави дека се регистрирани „рaдионуклидни елементи од правец на западна Русија“, но без да се прецизира точната локација, пренесува Бета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This