Рaдиoaктивна прашина од Сахара се шири над Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Радиоактивната прашина од Сахара е присутна во Франција од февруари, објави Здружението за контрола на радиоактивноста.

Прашината ја донесе ветерот од пустината Сахара и предизвика скок на загадувањето во делови на јужна Европа. Научниците потврдија дека прашината е радиоактивна по земањето мостри.

Иако сегашните нивоа на зрачење не се сметаат за опасни, медиумите укажуваа на иронијата на целата ситуација – уште во 60-тите години на минатиот век, Франција спроведе неколку нуклеарни тестови во Алжир, тогаш француска колонија, што доведе до контаминација со зрачење на Сахара, пренесува Sputnik International.

Метеоролозите објаснија дека приливот на прашина е предизвикан од големото невреме во Мароко, кое го зафати североисточниот дел на земјата со брзина од околу 100 километри на час.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This