САД бараат што побргу да има влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД се заинтересирани Македонија што е можно поскоро да има нова влада по изборите на 15-ти јули.

Американската амбасада во Скопје, во изјава за ИНА, потенцира дека приоритет за земјата е да се постигне договор за нова влада која ќе се фокусира на решавање на важните прашања.

„Со оглед на влошената состојба со „ Ковид-19 “и другите важни прашања со кои се соочува земјата, приоритет е да се постигне договор за нова влада која е во состојба да ги реши овие прашања. Од нашата гледна точка, како сојузник во НАТО, се надеваме дека земјата ќе го искористи овој позитивен интензитет стекнат преку членството во НАТО и ќе се движи напред кон членството во ЕУ. Спроведувањето на потребните реформи и решавање на прашањата поврзани со владеењето на правото и корупцијата, вклучително и културата на неказнивост, ќе бидат клучни во овој процес. Најважно е да не се изгуби чекорот“, стои во одговорот за ИНА на американската амбасада во Скопје во врска со очекувањата за формирање на новата влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This