САД БАРА ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БE3БЕДНOCТ: Вашингтон врши пpитиcoк по неуспешните обиди да навлезе во Венецуела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски држави побараа итна седница на Советот за Бeзбеднocт на Обединетите нации на која би се расправало за ситуацијата со Венецуела.

Вашингтон врши притисок Советот формално да побара нови слободните и демократски претседателски избори со присуство на меѓународни набљудувачи.

Русија изрично се спротивстави на идејата и изготви сопствена резолуција спротивна на барањата на САД.

Во моментот не може да се предвиди дали и за кој предлог би се гласало на Советот, пренесува Танјуг.

Иницијативата на САД беше покрената по неодамнешните случувања кога вoopyжена група ја нападна венецуелската Национална гapда на границата со Колумбија.

За случувањата во Венецуела коментираше и портпаролката на Руското министерство на надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Случувањата во Венецуела покажуваат многу добро како напредното западно општество навистина го третира меѓународното право, суверенитет и немешање во внатрешните работи на други држави, директно менувајќи ги работите таму“, изјави таа на прес конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This