САД воведе привилегии за вакцинираните лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) објави упатства со најдобри практики за Американците кои се целосно имунизирани против корона вирусот. Според упатствата, оние кои ги примиле потребните дози од вакцината може да престојуваат во затворен простор со други целосно имунизирани лица без маски или физичко растојание.

Освен тоа, оние кои се целосно вакцинирани можат безбедно да престојуваат во затворен простор со невакцинирани лица од исто домаќинство без маски.

Американските медиуми посочуваат дека ваквата одлука веројатно посебно ќе им значи на постарите Американци, бидејќи многу од нив се веќе имунизирани, но се уште не можат да се видат со своите роднини поради пандемијата на корона вирусот.

Препораките се издадени по неколкудневно одложување минатата недела. Тие покажуваат дека вакцинираните имаат некои привилегии.

Според ЦДЦ, за целосно имунизирани се сметаат оние кај кои минале две седмици од примањето на втората доза од вакцината. Со оглед на тоа што вакцината од компанијата „Џонсон и Џонсон“ се прима во само една доза, се смета дека целосна заштита е постигната две недели по вакцинацијата.

Во последната недела, во просек секој ден по 2,2 милиони американски граѓани добиваат доза од вакцините против корона вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This