САД ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА КОСОВСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Ќе ги укине откако Приштина ќе се откаже од данокот кон Србија и Бих!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските власти нема да им издаваат визи на косовските функционери откако Приштина  повторно одби да да ги укине или суспендира даноците на производи увезени од Србија и БиХ, пренесува приштинскиот сајт „Лајми“.

САД со оваа мерка го конкретизираше притисокот врз косовската влада откако истата на чело со премиерот Рамуш Харадинај донесе одлука даноците и понатаму да останат во сила, изјавува аналитичарот Дамхсај. Тој не е сигурен колку долго ќе може Приштина да им се спротивставува на САД.

Тој изјави дека проблемот со даноците за САД е сериозен и можно е да следат и други санкции од нивна страна, пренесува Танјуг

„Зера“ пренесува дека Харадинај, кој во неколку наврати го одбива барањето на САД да ги укине даноците, не мисли дека тој негов став би можел да им наштети на односите помеѓу САД и Приштина

Тој денес за новинарите изјави дека Приштина негува огромна почит према САД.

„Америка е моја фамилија, дури и кога имаме несогласувања“, изјави тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This