САД ГИ ГУБИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СОЈУЗНИЦИ: Руски бродови неочекувано влегоа во водите на Филипините за заедничка вежба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси никој не можеше да го предвиди ваквиот старт на 2017-та година, во која Рускиот разурнувач „Адмирал Трибутс“ и морскиот танкер „Борис Бутомато“ ќе пристингат на Филипините да спроведуваат воени вежби во досега првиот контакт помеѓу морнариците на двете нации

ruski_razurnuvac_brod

Воените бродови пристигнале во регионот во вторникот откако Рускиот адмирал Едуард Михајлов објави заедничка мисија помеѓу Манила и Москва со единствена цел да се неутрализираат најсериозните безбедносни проблеми во регионот, морските пирати и тероризмот. „Ние сме сигурни“, рекол командирот на Руската пацифичка флота „дека во иднина“ Русија и Филипините ќе имаат „многу вежби, можеби само како маневри“. Дополнително, „можеби ќе искористиме некои од борбените системи“, нотирал адмиралот.

„Ние ќе покажеме за што сме способни, и ќе видиме што можете вие да направите“, рекол адмиралот Михајлов, додавајќи дека Руската морнарица извршила вежби со Индонезиската морнарица.

Филипинскиот претседател Родриго Дуерте испрати сигнали за драстично менување на долгогоидшните релации со САД, откако Манила започна со зацврстување на врските со ривалите на САД – Русија и Кина. Дуерте со наредба до министерството за одбрана наредил да се „реформатираат“ вежбите со Вашингтон, иако Филипините некогаш беа дел од територијата на САД и двете земји имаат договор за заедничка одбрана потпишан во 1951 година.

Михајлов потенцирал дека, Источно Азиските играчи, вклучително и Кина и „можеби“ Малезија исто така би можеле да се координираат со Руско-Филипинските воени вежби во наредните години. Обезбедувањето на соработка со овие регионални играчи е клучна за обезбедување на стабилост во Јужното Кинеско море, каде што има голем број на неразјаснети територијални барања кои потткнуваат геополитички тензии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This