САД ГИ ПРЕДУПРЕДУВА СВОИТЕ ГРАЃАНИ: Можни се терористички напади за Велигден во Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската амбасада на Косово ги предупредува своите граѓани на зголемен ризик за терористички напад на Косово, особено за време на велигденските празници.

На сајтот на Амбасадара на САД во Приштина стои дека американските државјани би требало да бидат вимателни за време на настаните поврзани со чествувањето на православниот и католичкиот Велигден.

Во предупредувањето се нагласува дека екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристички локации, трговски центри, барови, верски објекти и други, како што велат, полесни мети. Се наведува дека предупредувањето на наведените места е исклучително важно.

На Американците кои доаѓаат на Косово или веќе се таму, им се советува да не се истакнуваат во јавност и да не привлекуваат внимание, да ја променат рутата на двужење за да останат незабележани од криминалците и терористите, а кога се на јавно место да обратат внимание на излезите во случај на опасност и службите за безбедност.

Предупредувањето е издадено во средата, два дена по ескалацијата на ситуацијата на Косово, кога беше уапсен српскиот директор на канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ, на Косовска Митровица. Ѓуриќ беше приведен и потоа протеран во Белград, во понеделникот напладне, а за време на акцијата уапсени и повредени беа повеќе од 30 Срби.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по инцидентот на Косово изјави дека терористи облечени во полициски униформи се обиделе да покажат дека можат да го заземат северниот дел на Косово. Тензиите продолжуја и кога претставниците на Србите на Косово го објавија планот за формирање на Заедницата на српските општини. Првата реакција на косовската влада беше дека таа заедница нема да има легитимитет.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, порача по пат на „Фејсбук“ дека нема да има поделба на Косово и размена на територии. Тој напиша дека Српската листа треба да се врати во Собранието и да дискутира за заедничките теми, за доброто на сите граѓани.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This