САД ГИ PAЗГНЕВИ ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Затворено конзуларното претставништво во Ерусалим!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави и официјално го затворија конзуларното претставништво во Ерусалим и го намалија статусот на главната дипломатска мисија на Палестина која ќе стане дел од амбасадата на САД. Ова е последната од серијата мерки на Трамп против палестинците.

Веќе неколку децении овој конзулат функционираше и како амбасада за палестинците. Сега таа функција ќе ја преземе одделот за палестински прашања во рамките на амбасадата.

Со ова  промена надлежноста над дипломатските канали на САД со Вест Банк и Газа преминува во рацете на Дејвиј Фридман, долгогодишен поддржувач и финансиер на движењето доселениците во Вест Банк и критичар на палестинското лидерство.

Одлуката беше соопштена во понеделникот кога беше извршено и спојувањето.

„Одлуката беше поттикната од нашите глобални напори да ја зголемиме ефикасноста на нашите дипломатски мисии и операции. Оваа одлука не претставува промена на политиката на САД кон Ерусалим, Вест Банк и Појасот Газа“, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Роберт Палдино.

Потегот беше најавен уште во октомври минатата година, и ја paзбесни Палестина, подгревајќи ги нејзините сомнежи дека САД ја признава контролата на Израел над источен Ерусалим и Вест Банк, територии кој Палестина сака да ги припои кон себе.

Палестински функционер го нарече потегот на САД „последна капка што ја прелеа чашата“.

Минатата година САД го призна Ерусалим за главен град на Израел и ја премести таму својата амбасада, ризикувајќи да предизвика експлозија во израелско-палестинските односи.

Администрацијата исто така потроши стотици милијарди долари во хуманитарна помош за палестинците, помош во болниците и на програми за градење миp.

Администрацијата на Трамп ја наведе неодлучноста на палестинските лидери да започнат мировни преговори со Израел како причина за овие мерки, иако САД допрва ќе го претстави долгоочекуваното мистериозо т.н. „Решение на векот“ кое ќе го реши израелско-палестинскиот koнфлиkт.

Зетот на Трамп, Џаред Кашер минатиот месец најави дека САД ќе го открие решението веднаш по изборите во Израел кои се закажани за во април. Палестинските власти уште сега го одбија планот обвинувајќи дека САД се пристрасни и се на страната на Израел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This