САД ГО МОДЕРНИЗИРА НУКЛЕАРНИОТ АРСЕНАЛ ВО ЕВРОПА: Американските ракети ќе отворат нова фаза од Студената војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Плановите за модернизација на американскиот нуклеарен арсенал кој се наоѓа во Европа, воените вежби кои се во врска со неговата пимена, но и нарушувањето на постоечкиот механизам на контрола на вооружување, сето тоа говори дека трката во вооружување влегува во нова фаза, вели германскиот експерт Отфрид Насауер

Две лажички конфликт, една чаша нуклеарно вооружување, малку недоверба – тоа се состојките со кои најлесо може да се „измати“ студена војна. Отфрид Насауер, експерт за нуклеарно оружје на Берлинскиот информативен цента за трансатлантска безбеднос, смета декасеуште нема место за стравувања за почеток на нова Студена војна, но наведува ека би требало да се говори за „сосотјките“, односни предизвикувачите кои доведоа до претходната Студена војна.

Насауер вели дека со доза на загриженост, го прати развојот на безбедносната политика во Европа и во светот:

– Сериозната тенденција на намалување на огромниот потенцијал на нуклеарно оружје, кои постоеше пред крајот и по Студената војна, можеби во наредните години ќе се претвори во нешто сосема обратно и ќе доведе до нова нуклеаризација.

Експертот го обрнува вниманието и на тоа дека САД имаат сериозни намери да модернизираат околу 150 боеви глави кои се наоѓаат на територија на Европа.

– Сите тие се бомби кои се испуштаат, се фрлаат од авион. Во овој момент, се работи на попрецизни верзии на постоечкото оружје, кое би требало непогрешливо да ја погодуваат метата, но ќе имаат и помала разорна моќ, со што веројатно ќе се постигне поголема флексибилност во употребата отколку во минатото, вели Насауер.

Дали на тлото на Европа ќе се појават нови ракети

Од друга страна, смета Насауер, постои можност на основите на меѓусебните обвинувања на Русија и САД на сметка на тоа кој прв и во која мера го нарушил Договорот за ликвидација на ракети од среден и мал дострел, почнуваат да се поставуваат нови нуклеарни системи.

На почетокот на ноември Зигмар Габријел, тогаш уште шеф на германската дипломатија, во интервју за „Билд“ предупреди дека постои можност на територија на Европа да се постават нови ракети со среден дострел.

– Денес малку внимание се обраќа на договорот кој е склучен во 1987. година помеѓу САД и СССР, а кој го регулира бројот на намалување на ракетите од среден и мал дострел. Тоа е голема грешка, смета Насауер.

Проблемот е во тоа, вели тој, што државите се помалку си веруваат една на друга.

– Контролата на обичното вооружување не се контролира доволно, а истовремено интересите на Русија не се земаат во обзир воопшто. Недостатокот на доверба доведува до тоа договорот за контрола на вооружување кој своевремено двете страни го потпишаа, има многу помала вредност отколку некогаш.

Опасност од нова нуклеарна криза

Мора да постои поголема транспарентност, смета Насауер, за да не се најдеме повторно во ситуација како онаа во текот на Студената војна, кога страните меѓусебно не си веруваа.

– Дотолку повеќе, степенот на недоверба беше доста голем, како на пример за време на Кубанската криза, кога светот се најде на работ на нуклеарна војна.

Во своето излагање за време на емисијата на радиото НДР, Насауер обрна внимание и на твитовите и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој СТАРТ 3 (Договор занамалување на обемот на стратешко вооружување) – еден од најважните договори од тој тип, го окарактеризирал како документ кој еднострано е во интерес на Русија. Дотолку повеќе, неодамна за време на една седница во Белата Куќа Трамп рекол дека го смета за разумен и прифатлив предлогот за зголемување на нуклеарниот капацитет на САД за дури 10 пати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This