САД го нaмaлyвaaт бpoјoт нa тpyпи вo Авганистан и Ирак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До средината на јануари Пентагон ќе врати дома околу 2.500 војници.

Пентагон ќе врати дома дома повеќе припадници на американските воени служби наредните недели, по наредбата на претседателот Доналд Трамп за повлекување на околу 2.000 војници од Авганистан и 500 од Ирак, пред претседателската инаугурација во САД следната година.

„До 15 јануари, во Авганистан ќе останат 2.500 војници. Во Ирак исто така ќе останат 2.500 војници до тој датум “, рече вршителот на должност Секретар за одбрана Крис Милер пред новинарите во Пентагон во вторникот.

Милер рече дека намалувањето на војската „не треба да се поистовети со промена во политиката или целите на САД“ во глобалната војна против тероризмот и дека повлекувањето ќе се спроведе на начин што ќе ги заштити американските трупи, дипломати, разузнавачи и сојузници. Тој не прифати прашања по изјавата.

Советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан изложи сличен план во октомври, за кој Пентагон не даде потврда.

Милер рече дека рано во вторникот разговарал со неколку клучни лидери за да ги информира за плановите на САД, вклучувајќи ги лидерите на Конгресот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

„Претседателот Гани го истакна калибарот на нашите трупи, велејќи дека тоа било поважно од бројноста. Ние продолжуваме да стоиме со него додека неговата влада работи кон спогодбено решение за мир “, рече Милер.

НАТО сега има повеќе војници во Авганистан отколку Соединетите држави, а воените претставници велат дека Пентагон ги повикува да го задржат нивниот број во земјата, дури и во време кога претседателот Трамп го намалува нивото на војската.

Американските сили го соборија од власт авганистанскиот Талибан во 2001 година по инвазијата која имаше силна поддршка од јавноста по терористичките напади на 11 септември извршени од Ал Каида, чие раководство беше засолнето во Авганистан. Но, како што војната продолжи, aмериканското јавно мислење се промени и претседателот Трамп ја освои функцијата во 2016 година ветувајќи дека ќе се повлече од странските конфликти.

Висок официјален претставник на одбраната, во вторникот, во разговор со новинарите рече дека кратењата нема да резултираат со „елиминација на можностите“ на теренот и дека трупите што остануваат ќе бидат доволни да се заштитат американските сили, авганистанскиот народ и сојузниците на САД.

Сепак, неколку актуелни американски воени претставници за Гласот на Америка изјавија дека значителното намалување на силите ќе доведе до некоја мерка на намалување на обемот на мисиите на САД, ако истите, тековни, мисии продолжат во Авганистан.

„Во моментов работиме на планирање на деталите за да утврдиме каков ефект ќе има намалувањето“, рече воен претставник во вторникот, под услов да остане анонимен.

Поранешни високи воени претставници изјавија дека предложеното повлекување на војската од Авганистан под сегашните услови е загрижувачко, особено за време на период на претседателска транзиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This