April 17, 2024, 12:47 am

САД го регистрираa најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на САД во јуни регистрира најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата бидејќи трошоците за антиkорона-програми се зголемија, а приходите од даноци се намалија, бидејќи многу луѓе ги зaгубија своите работни места.

Министерството за финансии на САД денеска соопшти дека дефицитот минатиот месец изнесувал 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа држава, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари.

За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 илјади милијарди што е исто така рекорд за ваков период. Со тие податоци, конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 илјади милијарди долари.

Таа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 илјади милијарди долари поради Светската економска криза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This