САД ГО РЕШИ ДИПЛОМАТСКО-ПРОТОКОЛАРНИОТ СПОР СО ЕУ:Надминат проблемот од деградирањето на протоколот за ЕУ од државнички во меѓународна организација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ставија крај на спорот со Европската унија во врска со дипломатскиот протокол, изјави денеска американскиот амбасадор во ЕУ Гордон Сондланд и додаде дека ЕУ за Вашингтон е еден од најважните сојузници.

Тоа практично значеше дека во Вашингтон статусот на ЕУ е спуштен од државно на ниво на меѓународна организација.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го спушти нивото на дипломатскиот статус на делегацијата на ЕУ во САД минатата година, без формална објава на одлуката и без да го извести Брисел за таа промена.

Тоа практично значеше дека во Вашингтон статусот на ЕУ е спуштен од државно на ниво на меѓународна организација.

Таа „преквалификација” доведе и до промена на статусот на амбасадорот на ЕУ во САД Дејвид О’Саливен, што стана очигледно на погребот на некогашниот претседател Џорџ Буш (постариот). Името на амбасадорот О’Саливен тогаш не беше прочитано во моментот кога тоа го налагаше дипломатскиот протокол.

Сондланд изјави дека на амбасадорот на ЕУ му се враќа претходниот статус и оти таа одлука веднаш стапува во сила.

Извор: МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This