САД ДА НЕ ПОМИСЛУВААТ НА НАПАД НА СИРИЈА: Ако САД ја нападне Сирија, Русија….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коментирајќи ги изјавите за можноста владата во Дамаск да користи хемијско оружје во Сирија, портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков изјави дека се продолжува со провокациите кои доведуваат до такви инсинуации.

,,Во однос на обвинувањата дека сириските власти користат хемиско оружје, знаете дека хемиското оружје во Сирија е уништено. Тоа е верификувано не само од руската страна туку и Организацијата за забрана на хемиско оружје, релевантна меѓународна организација. Ова е првата поента, а веројатно и најважната’’, изјави Песков за новинарите.

,,Продолжуваат провокациите кои создаваат инсинуации и неосновани обвинувања против сириското раководство’’ додаде тој.

,,Руската страна смета дека употребата на хемиско оружје е не прифатлива и секој пат кога ќе се појави сомневање за користење на ваков тип на оружје, ние сме иницијатори на непристрасен меѓународен мониторинг и истрага за таквите случаи’’ истакна Песков.

Тој напомена дека сите обвинувања не се ништо друго освен инсинуации.

Одговорајќи на прашањето каква ќе е реакцијата на Москва ако САД ја нападне Сирија поради наводната употреба на хемиско оружје, Песков вели дека се надева дека нема да се превземат чекори кој ќе доведат до понатамошно нарушување на меѓународното право.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This