САД ИГРАЛЕ „ТИВКА УЛОГА“ ВО СПОРОТ СО ИМЕТО: Помошникот државен секретар за Европа призна дека САД врши притисоци за името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, дел од нашиот тим во моментов работи на ова прашање, а САД продолжуваат да играат тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите, охрабрувајќи да се најде решение за името, за да ја видиме Македонија како членка на НАТО – рече Мичел во обраќањето на Херитиџ фондацијата, каде ја промовира стратегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.

Истакна дека САД на овие области на дневна основа трошат време и енергија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан.

– Мислам дека за некои од овие проблеми, што се влечат многу одамна, не очекувам да ги видам целосно решени во скорешно време, но мислам дека правиме добар напредок – оцени помошникот државен секретар за Европа и Евроазија.

Постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон претходно изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името.

– Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да и помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност – истакна Хачинсон на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This